Земјотрес со јачина од 2,5 степени ги разбуди жителите на Пехчево

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала утрово во 8:58 часот е почувствуван во Македонија.

Според Европската сеизмолошка станица епицентарот на земјотресот бил во Делчево, на длабочина од 2 километри.

Вчера, во Скопје нешто по пладне беше почувствуван земјотрес со јачина од 2.6 степени со епицентар пет километри источно од Скопје.