Здруженија бараат примена на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје и права 2010-2020

Владата на Република Македонија и надлежните министерства не презедоа конкретни активности за да го унапредат уживањето на сексуалното и репродуктивно здравје и права, туку напротив со низа активности, мерки и кампањи влијаеја кон се‘ поголемо оддалечување одпринципите и од целите на Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје и права (2010- 2020 ) – покажа проценката на влијанието на стратегијата чиј автор е Драшко Костовски од ХЕРА.

На вчерашната прес-конференција и дебата, здруженијата на маргинализираните заедници укажаа на тоа дека со неусвојување на Акцискиот план за првите две години од Владата на Република Македонија, мерките и активностите од самата стратегија не се имплементираа и овој стратешки документ досега ги нема остварено своите цели.

„По шест години од моментот надонесување на стратегијата сè уште нема пристап до сеопфатно сексуално образование. Препораките на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените во Собранието на РМ од 2011 и 2012 година за пилотирање на сексуалното образование не беа земени предвид. Инцијативата на 48 здруженија на граѓани што преку Декларацијата сеопфатно сексуално образование (ХЕРА, 2013) побараа краткорочни и долгорочни мерки, беа грубо отфрлени од Министерот за образование.Исто така, во Македонија сè уште нема модерна контрацепција на позитивната листа на лекови што е една од причините поради која Македонија е еднаодземјитесонајнискаупотребана контрацепција воЕвропа. Резултатот од оваа пракса се поврзува со порастот на некои сексуално преносливи инфекции, во комбинација со лошиот пристап до гинеколошки услуги и со една од највисоките стапки на перинатална смртност во Европа“, соопштуваат од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Како што велат од Коалицијата, овие неостварени мерки најмногу ги загрозуваат маргинализираните заедници, a дополнително Процената покажува дека дури и мерките кои во Стратегијата им се директнонаменети истo така не се применети. За загрижување е сознанието дека активностите за унапредување на нивното сексуално и репродуктивно здравје биле финансирани од проектот на Глобалниот фонд борба против ХИВ, маларија и туберкулоза кој завршува во јуни оваа година. Понтаму, велат од таму, сексуалните и репродуктивните права на маргинализираните заедници се под постојан азакана, не само поради слабото владеење на правото, туку поради постојаните дополнителни ограничувања во законската регулатива.

„Во 2013 година се донесоа измени на Законот за прекинување на бременоста кои значеа воведување на административни бариери кои го органичуваат пристапот до прекин на бременоста како сексуално и репродуктивно право на жената. Тука е и Законот за превенција и заштита од дискриминација кој не се уште не ги вклучува сексуалната ориентација и родов идентитет како основи“, стои во соопштението на Коалицијата.

Главните препораки на здруженијата на граѓани кои работат на ХИВ превенција, родова еднаквост, унапредување на правата на ЛГБТИ, сексуалните работници, лицата кои живеат со ХИВ и лицата кои употребуваат дроги е дека се потребни итни мерки за ревитализирање на Стратегијата преку изработка на Акциски план за имплементација и обезбедување на соодветен буџет, воспоставување на формален механзам што ќе обезбеди вклученост и финансирање на граѓанскиот сектор и воспоставување механизми за мониторинг на спроведувањето на стратегијата.

„Согласно препораките на здруженијата на граѓани во следниот период државата мора да се концентрира на имплементација на следните приоритетни мерки од Стратегијата: воведување сеопфатно сексуално образование; обезбедување основни услуги од примарната здравствена заштита, особено гинеколошки услуги низ целата земја; унапредување на пристапот до контрацептивни средства; заштита на човековите права на маргинализираните заедници и измена на законот за прекинување на бременоста од 2013 г. Во моментот Министерството за здравство е во процес на остварување на првата препорака од процента, а тоа е изработка на Акциски планови за имплементација на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје, кои треба да придонесат кон поуспешна имплементација“, велат здруеженијата.