„Емоџи“ е зборот на годината според речникот Оксфорд

За првпат, збор на годината според Оксфордскиот речник не е збор, туку пиктограф – емоџи. Тоа е знак сличен на емотиконот, но со таа разлика што емоџи претставува проширена форма, односно стилизирана слика, додека емотиконот e израз на емоција направен од копчиња на тастатурата – :).

Емоџи официјално значи „лице со солзи радосници“ и е во употреба од доцните 1990-ти, но во 2015 се стекна со популарност. Според статистиката што речникот Оксфорд ја добил во партнерство со компанијата за мобилни технологии SwiftKey, употребата на емоџи оваа година во споредба со минатата се зголемила за трипати.

Овој вид на комуникација се повеќе станува актуелен. Во продолжение, погледнете како би изгледал светот ако емоџи се користеше и во реалниот живот.