Завршува учебната година за околу 270 000 ученици

За 187.000 ученици во основно образование и за 81.000 средношколци денеска е последниот ден од учебната 2015-2016 година и за нив почнува летниот распуст, кој ќе трае до 1 септември.

Денеска завршува и екстерното тестирање, кое почна на 7 јуни, кое беше предвидено да го полагаат 178.648 ученици од основните и од средните училишта.

Поради уписите во средните училишта најавени за 28 и 29 јуни, резултатите од екстерното тестирање први ќе ги дознаат деветтоодделенците (на 13 јуни). За сите други ученици резултатите ќе бидат познати на 17 јуни.