Запознајте го италијанскиот Mark Zuckerberg

Можеби не сте слушнале за него, но 22-годишниот италијански студент по бизнис Matteo Achilli веќе ја бранува европската технолошка сцена. Неговата социјална мрежа Egomnia, фокусирана на развој на кариерата и на регрутирањето вработени, тој ја основал во првата година од студиите. Деновиве, Achilli добива големо внимание, а економското издание на магазинот Panorama го нарече „италијанскиот Zuckerberg“.

Запознајте го италијанскиот Mark Zuckerberg

Еве зошто социјалната мрежа е привлечна за корисниците во Италија, во која младинската невработеноста (околу 40%) е меѓу највисоките во Европа: Egomnia им помага на работодавачите да комуницираат со студентите и младите кои бараат работа, овозможувајќи им полесно да ги најдат кадрите кои им се потребни. Корисниците на мрежата имаат пристап до специјално рангирање на компаниите според тоа колку се соодветни да работат во секоја фирма.

Matteo имал идеја за ваква веб-страница уште во средно училиште, но за да ја оствари, морал самиот да најми програмери, затоа што во Италија во тој момент немало организиран систем на бизнис-инкубатори и собирање инвестиции за идеите на средношколците. Парите потребни за да ги исплати програмерите му ги дал неговиот татко, кој ја препознал добрата идеја на младиот преприемач.

Запознајте го италијанскиот Mark Zuckerberg

Откако неговите колеги студенти се заинтересирале за проектот, а националните медиуми ја објавиле неговата приказна, Achilli ја основал мрежата, која на почетокот имала 1000 членови-студенти и 20 компании.

Во моментов, мрежата има 250.000 корисници, а повеќе од 700 компании ја користат за да регрутираат потенцијални вработени. Иако Matteo се уште студира на универзитетот Bocconi во Милано, тој веќе има потпишани договори за партнерство со гиганти како Google и Microsoft.

„Понекогаш заборавам дека имам 22 години“, вели Achilli.

Овој септември, тој ќе ја прошири неговата мрежа на глобално ниво, а започнува соработка и со угледни компании како Vodafone, Bulgari, Generali и Ericsson. Отворањето на канцеларијата на Egomnia во Сао Паоло, Бразил, заедно со англиска и португалска верзија на сајтот, ќе бидат првите чекори.

Извор: BBC