Започнува најголемиот дебатен турнир во Македонија „Skopje Open 2015”

Дебатери од четириесетина земји денеска ќе пристигнат во Скопје за да учествуваат на најголемиот дебатен турнир во Македонија „Skopje Open 2015”. Интернационалниот турнир ќе се одржува од 24 до 26 декември, а го организира Дебатната програма на Младински Образовен Форум.

Настанот се одржува по втор пат во Скопје, а на него ќе учествуваат повеќе од 100 дебатери од целиот свет. Студентите ќе се натпреваруваат во дебати на актуелни глобални тези поврзани со демократијата, човековите права, економските слободи и граѓанското оштество.

Домаќин на настанот ќе биде Универзитетот ФОН, во чии простории ќе се одржат прелиминарните дебати, полуфинале и финалето. Дебатите по форматот Британска Парламентарна дебата почнуваат утре, а финалето е најавено во сабота, на 26 јули, кога ќе се соочат најдобрите тимови на турнирот.

Целиот настан во живо ќе с епренесува преку видео стримот на Радио МОФ и може да се следи на YouTube каналот на радиото. Сите новости и видео преноси од турнирот може да се следат на секцијата на сајтот посветена на „Skopje Open 2015”, како и на фејсбук профилот на настанот.