Започна кампања за финансирање на друштвената игра Galactic Warlords на Kickstarter

Galactic​ ​Warlords:​ ​Battle​ ​for​ ​Dominion на Бабис Јаниос, а развиена и издадена од македонската компанија Archona Games, е друштвена игра која од вчера (7ми ноември) може да се финансира на Kickstarter.

Графиката и дизајнот на играта се на Михајло Димитриевски, попознат како Тхе Мичо.

Galactic Warlords: Battle for Dominion е стратешка игра со тактичко дејствување и планетарна контрола за 1 до 4 лица. Играчите се вселенски воени командири кои се трудат да воспостават контрола врз галаксијата. Преку најмување и играње на различни карти со платеници, играчите ќе бидат во можност да добијат различни единици како што се пешадија, тенкови и летала и истите во комбинација со нивните акции и способности да ги искористат за напад или да воспостават контрола врз планетите на мапата, притоа добивајќи репутација и здобивајќи се со поени. На крајот на играта, играчот со најмногу поени е победник.

„Ја имам играно Galactic Warlords преку 10 пати дo сега, во најразлични улоги и со различни групи. Графиката на играта е многу добро илустрирана од
страна на Тхе Мичо и притоа играјќи се чувствуваш како да се бориш со вселенски суштества и ним слични“, вели Мартин Пул од Zatu Games во рецензија за Galactic Warlords.

„Навистина ми се допаѓаат различните начини да се победи! Без разлика дали се фокусирам на репутацијата или се трудам да ги добијам сите поени на тој
начин или пробувам да ги завршам зададените мисии или се трудам да зафатам поголем дел од мапата… секогаш има повеќе од тоа”, смета Кевин Делп од Tantrum House.

Archona Games е издавач на друштвени игри и креатор на истите од Скопје, Македонија, основана од Милан Тасевски во 2015. Нивната прва игра Small Star
Empires е резултат на успешната Кикстартер кампања во март 2016та. Моментално работат на неколку нови изданија и се надеваат дека ќе успеат да издадат барем едно од нив во втората половина на 2017та. Покрај Archona Games, луѓето вклучени во процесот се дел и од www.boardgames.mk, македонски веб сајт посветен на промоција на културата на друштвените игри во Македонија.