Замок стар три илјади години откриен во турско езеро

Замок стар 3 000 години е откриен од нуркачи и истражувачи во турското езеро Ван.

Урнатините се верува дека потекнуваат од времето на Урату цивилизацијата од железната епоха, помеѓу 9-ти и 6-ти век п.н.е.

Откритието е на археолози од Универзитетот Ван Јузунку Јил, кои соработувале со тим нуркачи.

Подводниот видеограф и лидер на нуркачкиот тим, Тасин Џејлан објасни дека другите нуркачи и археолози запознаени со езерото го советувале тимот дека нема да најдат многу во водата. Но, на крај тие откриле дека извонредните урнатини се дел од локалитет долг речиси километар. Иако со векови се под вода, висината на ѕидовите на замокот се помеѓу 3-4 метри.

Според Џејлан, многу цивилизации и луѓе биле населени покрај езерото. Тие го нарекуваат езерото „горно море“ и веруваат дека е полно со мистерии.

„Ние работиме на откривање на тајните на езерото“, изјави тој, додавајќи дека езерото Ван има историја од приближно 600 000 години.

„Чудо е што го најдовме овој замок под вода“, рече тој. Археолозите ќе започнат со негово испитување и на неговата историја.

Урату, или познато уште како Кралството Ван, е античка нација што живеела во делови од Турција, Ерменија и Иран.

Ова не е првпат тимот истражувачи да пронајдат нешто во езерото. Минатата година, тие пронајдоа област од 3,8 квадратни метри со невообичаени сталагмити.

Претходно оваа година тие пронајдоа урнатини на руски брод кој се сметаше за потонат во 1948 година.