Загадувањето е виновно за еден од шест смртни случаи во светот

Загадувањето се поврзува со девет милиони смртни случаи во 2015 година, покажува истражување објавено во Лансет.

Речиси сите од овие случаи доаѓаат од земји со ниска или средна заработка, каде загадувањето е виновно за дури четвртина од починатите граѓани. Багладеш и Сомалија се најзасегнати.

Воздушното загадување има најголемо влијание, а е виновно за две третини од починатите од загадување воопшто.

Брунеи и Шведска имаат најнизок степен на смрт поради загадување.

Повеќето од овие смртни случаи се предизвикани од неинфективни болести врзани со загадувањето, како срцеви болести, срцев удар и рак на белите дробови.

„Загадувањето е многу повеќе од еколошки предизвик – тоа е сериозна и истрајна закана која влијае на многу аспекти на човековото здравје и добросостојба“, вели авторот на истражувањето, проф. Филип Ландриган од Икан Школата за медицина, на универзитетот Маунт Синај во Њујорк.

Најголемиот ризик фактор, воздушното загадување, причинило 6,5 милиони прерани смртни случаи. Овде е вклучено загадувањето од надворешните фактори, како гасови, а во домаќинствата, дрво за огрев и јаглен во затворен простор.

Следниот најголем ризик фактор е загадувањето на водата, кое е виновно за 1,8 милиони смртни случаи, додека загадувањето во работниот простор е поврзано со 800.000 смртни случаи глобално.

Околу 92% од овие смртни случаи се случиле во посиромашните земји, а најголемото влијание е почувствувано во места кои минуваат низ брз економски развој како Индија, која го има петтото највисоко ниво на смрт поради загадување, и Кина, која е на 16то место.

Авторите викаат дека воздушното загадѕвање им влијае на сиромашните подеднакво – и на оние во побогатите земји, а најмногу во посиромашните.

Една од авторите на студијата Карти Сандилија, од здружението Pure Earth, вели: „Загадувањето, сиромаштијата, лошото здравство и социјалната нееднаквост се длабоко испреплетени. Загадувањето им се заканува на фундаменталните човекови права, како правото на живот, здраје, добросостојба, безбедна работа, како и заштитата на децата кои се најранливи“.