YouTube овозможува додавање музика на видеа
YouTube најави неколку новини кај вградената опција за уредување на видеа, која покрај подобрувањата доби и сосема нов кориснички интерфејс.
Уредувачот на видеа со новите подобрувања им овозможува на корисниците да додаваат музика на своите видеа, како и опција за прилагодување на јачината на дадената музика со оригиналното аудио. Корисниците сега имаат огромен избор на музика, поточно можат да одберат од 150,000 песни.
Според официјалниот блог на YouTube, ова е само мал дел од голем број новини кои допрва ќе го ќе станат дел од вградениот уредувач на видеа.
Превземено од веб страницата на списанието ЕНТЕР













