Yik Yak – Нова апликација што се шири со брзина на Фејсбук

По примерот на Фејсбук и Марк Цукерберг од 2004-та година, Yik Yak е апликација што многу брзо се шири во американските студентски кампуси.

Yik Yak – Нова апликација што се шири со моќта на Фејсбук

Апликацијата ја создадоа двајцата дипломирани студенти, Тајлер Дрол и Брукс Бафингтон, минатата година. До јуни, апликацијата собра 11,5 милиони долари.

Главната карактеристика на оваа апликација е тоа што им дозволува на луѓето, претежно на студенти да објавуваат постови наречени „yaks“ анонимно. Овие постови се гласани позитивно или негативно и може да се коментираат.

Корисниците се здобиваат со поени за репутација, познато како „yakarama“.

„Идентификувавме потреба да создаваме разговори и да изградиме заедници без предуслови како што беа претходните односи или врски“, велат студентите Дрол и Бафингтон.

„Yik Yak  е единствениот начин да се создаде локализиран социјален форум без претходни познавања или пријателства со цел поставување навремени и релевантни содржини“, објаснуваат тие.

Корисниците на оваа апликација се зголемуваат на дневна база. Моментално е активна на повеќе од илјада колеџи и универзитети низ светот.

Апликацијата покрена критики и негодувања со оглед на тоа дека може да се постира и коментира анонимно што се стравува дека може да поттикнува говор на омраза и циркулирање на видеа со несоодветни содржини.

Поради ова, како што кажуваат основачите на апликацијата, се преземени поголеми сигурносни мерки од кои било други сервиси.

Извор: The Guardian