WhatsApp отсега достапен и на десктоп

За сите оние кои се вбројуваат во 600 милиони корисници на апликацијата WhatsApp или оние кои се уморни да пишуваат пораки од мобилниот телефон, од компанијата соопштија дека е достапна и декстоп верзија.

Сепак, апликацијата има необичен детаљ. За да се најавите од работната површина на вашиот компјутер, морате да го сликате QR кодот кој ќе ви се појави преку WhatsApp на вашиот телефон. Ова се верува дека е неопходно бидејќи апликацијата ги содржи вашиот телефонски број и проверки преку SMS, наместо лозинки и кориснички имиња.

Апликацијата функционира на Android, Windows Phone и BlackBerry, но поради ограничувањата на компанијата Apple, корисниците со iOS се изоставени.

WhatsApp изгледа како да користи многу повеќе од вашиот телефон освен најавувањето. Во случај батеријата на телефонот да се испразни, со тоа се исклучува и апликацијата.

За оние кои сакаат да ја пробат новата верзија на WhatsApp, апликацијата може да се најде на овој линк.

Извор: techcrunch.com