„We never say goodbye“ – нов сингл од деби-албумот на тетовчаните Skyrise

Еден од највозбудливите млади македонски рок бендови – Skyrise објави сингл од својот претстоен деби-албум насловен To Unknown“. Песната со наслов „We never say goodbye“, заедно со претходно објавените две, е поставена на каналот на групата на Youtube.

„We never say goodbye“ - нов сингл од деби-албумот на тетовчаните Skyrise

Skyrise ќе настапат заедно со канадскиот бенд Hidden Cameras на 1 октомври во киното Фросина во Младинскиот културен центар, како дел од загревањето за годинешното издание на фестивалот Таксират. Секој посетител на влезот во МКЦ ќе добие код за дигитално симнување на деби изданието на алтернативниот бенд.

Младата четворка од Тетово предизвика големо внимание со свежиот и енергичен звук, кој може да се опише како моќен, меланхоличен и модерен алтернативен рок. Бендот досега имаше настапи на неколку фестивали во Македонија, на кои ја делеше сцената со ѕвезди како Paul Van Dyk, Кирил Џајковски, Суперхикс и Bernays Propaganda.
Билетите за концертот на The Hidden Cameras и Skyrise се веќе пуштени во продажба преку мрежата на МК Тикетс по цена од 200 денари.