Вуди Харелсон во петок ќе го снима првиот филм „во живо“ во историјата

Првиот филм на Хичкок во боја е „Јаже“ (1948) и монтиран е така што изгледа како да е се во еден кадар, 30 години подоцна, унгарскиот режисер Бела Тар го сними „Магбет“ навистина во еден кадар, а Вуди Харелсон сака да оди чекор напред.

По низа филмови од 21 век во кој режисерите снимаат филмови одеднаш (особено впечатлив е „Руски ковчег“), познатиот глумец сака да го направи тоа, но без можност за поправка.

Неговиот филм „Изгубен во Лондон ЖИВО“ („Lost in London LIVE“) ќе се снима во петок, но во исто време ќе се прикажува во повеќе од 550 киносали низ САД.

Приказната е базирана на ужасната ноќ што навистина ја доживеал во Лондон каде бил уапсен, а се работи за комбинација од драма и комедија.

Харелсон вели дека задачата воопшто не е лесна.

„Некој ме праша дали после ова, повеќе луѓе ќе се обидат со истото. Мојот одговор е ‘не’, ако претходно разговараат со мене. Ова е навистина напорно“, рече Харелсон.

Заедно со него, во филмот глуми и музичарот Вил Нелсон и Овен Вилсон, кој му помага околу сценариото.