Втората сезона на Jessica Jones ќе ја режираат само жени

Втората сезона на серијалот Jessica Jones на Марвел и Нетфликс ќе има само женски режисери, објави извршната продуцентка Мелиса Розенберг.

Розенберг дискутираше за следната сезона на конференцијата „Транформирање на Холивуд 7: Диверзификација на забавната програма“, која се одржува во Факултетот за новинарство и комуникација на Универзитетот на Јужна Калифорнија.

Таа објасни дека сака да го зголеми бројот на жени-режисерки кои ќе просперираат во Холивуд, а од Марвел ја поддржале нејзината идеја. Розенберг и нејзините продуценти вработиле режисерки кои се слободни, а потоа побарале и мажи во процесот на продукција.

„Кога правам интервју на писател, помалку сум заинтересирана за тоа што правел професионално, отколку за тоа од каде е, што правеле неговите родители, кои се неговите животни искуства, што може да понуди лично?“, објаснила Розенберг на конференцијата.

„Не сакам куп луѓе кои изгледаат и звучат како мене и ги имаат истите искуства“.

Со тоа, Jessica Jones станува втората серија оваа година која најмува само жени режисери за цела сезона. Минатиот месец, Ава ДуВернеј најави дека нејзиниот серијал, Sugar Queen ќе вработува само жени како режисери.

Серијалот на Нетфликс има многу добри критики за реалистичниот приказ на главната протагонистка, приказот на женското пријателство и справувањето со сексуална злоупотреба и силување.