Втора студентска конференција за историја, археологија и класични студии

„Македонија и балканските земји од историско, археолошко и јазично гледиште“ ќе биде темата на втората Студентска конференција за историја, археологија и класични студии.

Настанот е од отворен карактер и ќе се одржува на 22 февруари од 9:30 часот.

„Со оглед на тоа што минатогодишната конференција во универзитетот ‘Гоце Делчев’ помина во најдобар ред и се покажа како одлична можност за студентите на додипломските студии да се истакнат со своите трудови, решивме оваа година повторно да организираме конференција на истиот датум, а Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ Скопје да биде домаќин на одржувањето, секако, во соработка со Универзитетот ‘Гоце Делчев’ Штип, но и со поддршка од Клубот на млади историчари на Македонија – Клио“, се вели во најавата за конференцијата.

Целосната програма со учесниците може да се види ТУКА.