Втора Ротари конференција за професионална ориентација на млади

Во Скопје на 12 април, по вторпат ќе се одржи конференцијата за професионална ориентација под наслов „Професијата како личен идентитет“, чија цел е да им помогне на средношколците при изборот на факултет.

Втора Ротари конференција за професионална ориентација на млади

Настанот е во организација на Ротари клубот Скопје Камен Мост и ќе се одржи на 12.04.2013 од 11:00 до 16:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА.

За време на настанот повеќе видни гости ќе го споделат сопственото искуство од својата професија, на средношколци од втора и трета година, со цел да им се помогне во изборот на нивната идна професија.

Ќе бидат одржани говори и дискусии на повеќе теми како архитектура и градежништво, бизнис и финансии, инженерство, медиуми и маркетинг, право, образование, истражување и наука.

Минатата година 139 средношколци од повеќе од 14 училишта ја посетија конференцијата. Местата за настанот се ограничени и се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на info@nova.edu.mk.