Втора меѓународна ExLibris графичка изложба

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Отвореното графичко студио при Музејот на град Скопје утре (27 ноември) ќе ја отвори Втората меѓународна ExLibris изложба.

На годинашната ExLibris изложба во Скопје 2014 ќе учествуваат 41 учесник од 11 земји и ќе бидат застапени речиси сите традиционални техники, вклучувајќи ја и дигиталната графика.

„Прогнозите дека графиката постепено ќе исчезне со експанзијата на дигиталните медиуми, за среќа, не се остварија (таков беше случајот и со појавата на музичките компакт-дискови, кога сите му предвидуваа „смрт“ на винилот како носач на звук; не само што не престана да се произведува туку интересот за него од година в година сѐ работата со традиционалните техники претставува своевиден куриозитет. Сѐ додека постои потреба од графика, сѐ додека постојат колекционери и сладокусци и, на крај, уметници што се занимаваат со овој медиум, сѐ дотогаш графиката ќе егзистира.

Ова графичко биенале е резултат токму на наведените околности. Ако се земе предвид дека голем број манифестации посветени на графиката полека згаснуваат, тогаш слободно може да се каже дека иницирањето на ваков тип изложби е вистински донкихотовски подвиг“, наведува Атанас Ботев во предговорот за каталогот на изложбата.