Врховниот суд на Венецуела нападнат со гранати од полициски хеликоптер

Полицаец со уркаден хеликоптер испушти неколку гранати врз зградата на Врховниот суд на Венецуела. Претседателот Николас Мадуро го нарече чинот „терористички напад“.

Снимка која кружи на социјалните медиуми прикажува воен хеликоптер кој кружи над градот, пред да се слушне експозија и неколку истрели.

Полицаецот кој го управувал украдениот хеликоптер, претходно објавил дека се откажува од „криминалната влада“. Не се знае каде моментално се наоѓа.

Нападот се случува после масовните протести кои започнаа поради политичката и економска криза, како и масовниот глад кој се случува во јужноамериканската држава.

Врховниот суд е редовно критикуван од венецуелската опозиција за пресудите кои само ја зацврстуваат власта на Мадуро.

Мадуро рече дека хеликоптерот прелетал над Врховниот суд, како и на министерствата за правда и внатрешни работи.

Не се пријавени повреди, но претседателот вели дека се случувал „социјален напад“ во Врховниот суд, кој можел да „предизвика десетици смртни случаи“. Една од гранатите не била детонирана.

Со хеликоптерот управувал полицаецот Оскар Перез, кој се идентификувал себеси во видео објавено на Инстаграм. Во видеото на кое зад него има четворица мажи во униформа, тој апелира до Венецуелците да се спротивстават на тиранијата.

„Ние сме коалиција на војници, полицајци и цивили кои бараат баланс и се против оваа криминална влада“, вели тој.

„Не припаѓаме на ниту една политичка страна или партија. Ние сме националисти, патриоти и институционалисти“.

Тој вели дека борбата не е против безбедносните сили, туку против „неказнивоста на владата“.

„Ова е борба против тиранијата“.