Врховниот суд на САД ги легализираше хомосексуалните бракови во цела Америка

Американскиот Врховен суд пресуди дека истополовите бракови се легални во сите 50 држави на САД, пренесе BBC.

Според оваа историска одлука на судот, бракот е уставно право на сите кои живеат во Америка.
Пред одлуката, геј паровите можеа да стапат во брак во 37 од државите на САД, вклучувајќи го и градот Вашингтон.

Не е јасно како ќе бидат издавани дозволите за брак во државите каде геј браковите биле претходно забранети, пишува BBC.

Одлуката е историска победа за активистите за правата на хомосексуалците во Америка кои се бореа со години во пониските судови, пишува Хафингтон пост.

Врховниот суд на САД ги легализираше хомосексуалните бракови во цела Америка

Веднаш по информацијата за пресудата, на официјална страница на Претседателот на САД, Барак Обама  на Фејсбук се објави фотографија со знамето со виножитото, со зборовите „Љубовта штотуку победи“. На официјалниот профил на Белата Куќа, профилната слика е променета во боите на виножитото.