„Временски Патници“ ги повикуваат во емисија младите музичари

Овој петок на Радио МОФ, Временски Патници го почнуваат проектот за промоција на млади и талентирани музичари насловен „Како се калеше челикот“.

Емисијата која веќе 3 години ја водат Дарко Андреевски и Николај Митревски се емитува на Радио МОФ од 17:00 до 19:00 часот, како и на youtube каналот на Радио МОФ. Ова е и јавен апел за сите млади инспиративни љубители на музиката и музички работници кои би сакале да бидат дел од „Како се калеше челикот“ да се обратат во Радио МОФ или кај водителите  на емисијата.

Ова попладне мразот ќе го крши бендот „Спири Гери“ кој го сочинуваат четворица средношколци во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”, Михајло Ѕунзуровски , Виктор Пижевски , Андреј Илиески  и Емилио Ајдар . Како состав постојат 8 месеци и свират во ГТЦ (две гитари, труба и два вокали) и се дел од уличните музичари на град Скопје.

10850690_10205157710239930_265879908_n„ Граѓаните дефинитивно многу ги почитуваат уличните уметници. Сме биле и во ситуации каде што толпа од 30-тина луѓе стојат пред вас, ве слушаат со восхит и едвај чекаат да дадат аплауз, да почне нова песна и некои од нив и фрлаат по некој денар. Вака свирејќи во ГТЦ функционираме веќе околу 8месеци и имаме доста научено од сето ова. Во ова лежи огромно искуство затоа што во ваквото улично концертирање се стекнува наважното и најпотребното искуство за понатамошно концертирање“, појаснуваат за Радио МОФ од бендот „Спири Гери“.