Во Турција уапсени 62 ученици за предавство

Вкупно 62 ученици од Кулели военото училиште, најстарата таква образовна институција во Истанбул, биле приведени од турските власти.

Пред обидот за воен удар, учениците на возраст од 14 до 17 години биле облечени во камуфлажна униформа и им биле дадени пушки без муниција, велат нивните адвокати. Учениците се одведени во притвор и им е забрането да разговараат со своите родители, бидејќи се обвинети за предавство против државата Турција.

Мајката на 15-годишно момче кое било приведено, Емре, додека чекала вести пред Малтепе затворот во Истанбул, изјавила:
„Нашето дете претходно не држело оружје. Биле искористени и принудени да го направат ова“, пренесува The Sun.