Во среда роденденска „Критична маса“ #12 во Прилеп

Во среда (27 мај) од 19:00 часот, по дванаесетти пат се вози велосипедската „Критична маса“ во Прилеп.

Критична Маса #12, е различна од другите бидејќи е РОДЕНДЕНСКА. Веќе една година ПрилепНаТочак се обидува да ја подигне свеста и значењето на возењето велосипед, како и позитивните придобивки за целото опшество. Прилепчани се повеќе го користат велосипедот како превозно средство, а со тоа се зголемува и потребата за подобрување на условите за велосипедистите. Во Прилеп, Критична Маса се вози еднаш месечно, секоја последна среда од месецот. Оваа Критична Маса се очекува да биде најмасовна досега, покрај тоа што ќе се вози вообичаена рута низ градските улици, по завршувањето следат изненадувања, мала прослава и дружење со точакољубците. Повелете, заедно да го прославиме првиот роденден и да си посакаме уште многу заеднички возења, стои во поканата на неформалната група ПрилепНаТочак.

 

Прилеп На Точак е градска иницијатива која има за цел подигање на јавната свест на љубителите на велосипедизмот, шоферите, пешаците, децата, родителите, јавните институции и сите други во Прилеп за користењето на точакот како урбано и модерно превозно средство за секаде и во секое време.