Во Штип почнува фестивалот за деца „Малиот принц“

Со Операта на шумските животни во изведба на Македонската опера и балет (МОБ) од вечерва  во Штип ќе стартува детскиот фестивал „Малиот принц“.

Фестивалот ке трае до 28 септември  и според репертоарот треба да бидат одиграни шест театарски претстави.  

Прва е Операта на шумските животни, тоа е МОБ потоа следуваат МНТ со Силјан Штркот“, Театарот за деца и младинци со Гига Мега Бајка и на крајот Маша и нејзината волшебна приказна, според познатиот цртан филм со театар Крик и Јованче и Марика од Театар Бабец од Битола.

Освен театарските престави за деца во рамките на фестивалот ќе има и театар на сенки, а оваа година ќе имаат и промоција на книга.

Во рамки на фестивалот предвидено е да се одржат работилници, каде што најмладата публика-децата ќе се запознаат со процесот театарска претстава, а истовремено ќе бидат организирани и литературни читања на дела од детски автори. Картите за претставите и оваа година остануваат по 50 денари.