Во продажба пуштена Библија напишана со емоџи

Корисник на Твитер создал нова верзија на Библијата, напишана целосно со емоџи. „Bible Emoji: Scripture for Millennials“, која била поттикната од истоимениот Твитер профил, е напишана од засега анонимен корисник на социјалната мрежа, а може да се купи на iTunes за 2,99 американски долари.

Тоа е „одличен и забавен начин да се шири евангелието“, напишал авторот на страницата на Библијата.

Новата книга е „превод“ на верзијата на Кралот Џејмс, која е најпозната како авторизираната верзија, и ги вклучува сите 66 книги. Исто како и нормалната верзија на Библијата, и емоџи Библијата е многу долга – 3200 страници. Но, достапна е само во дигитален формат.

Корисникот 😎 го води и профилот @BibleEmoji, каде објавува извадоци од Библијата во комбинација од емоџи и сленг.

„Помислив дека ако одиме 100 години во иднината, емоџи Библија би постоела“, изјавил тој за Guardian. „Сакав да ја направам слична на твит или СМС со стих од Библијата, преку намалување на бројот на употребени карактери“.

Тој вели дека како дете ја прошитал целата Библија, и сака луѓето да ги користат нејзините приказни и пораки за добро.

„Емоџите се уникатни бидејќи можат да изразат порака до секого, без разлика на тоа кој јазик го зборуваат“, вели тој. „Многу е интересно да се види како луѓе од сите страни на светот комуницираат со нив“.