Во понеделник трет протест пред Уставен за одбрана на Уставот

Во понеделник ( 29 февруари), во 12.00 часот, грѓанското движење АЈДЕ најавува нов, трет протест пред зградата на Уставниот суд. Протестот се организира за одбрана на Уставот од судиите кои минатата недела донесоа одлука за преиспитување на уставноста на Законот од 2009 година кој забранува Претседателот да амнестира осуденици за изборен криминал, педофилија и други тешки дела.

[Галерија] Втор протест пред Уставен за одбрана на Уставот

„Ајде, во понеделник, уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме се додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка. Ние граѓаните имаме должност да го одбраниме Уставот од (Не)Уставиниот суд! Ние граѓаните имаме обврска да ја одбраниме државата од криминалците во власта! Во Македонија мора да се вратат правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот!На судиите кои се грижат единствено за спасување на своите наредбодавци, решително и непоколебливо ќе им порачаме дека тие се одговорни пред сите нас – граѓаните на оваа држава и дека не можат и не смеат да го газат Уставот секогаш кога тоа ѝ одговара на партијата или секогаш кога ќе треба да се спасуваат криминалците во власта“, се вели во најавата на протестот.