Во МКЦ концерт на Armadillo, The Black & Vice Social Club, Autmind и Funk Shui

Во рамките на Фестивалот на уличната уметност, вечер во МКЦ ќе се одржи концерт на кој ќе настапат музичките групи чии инструменти и опрема беа трајно загубени како последица од опожарувањето на објектот на Макотекс (поранешните студиа на Радио телевизија Скопје).
На бината на концертната сала во МКЦ ќе бидат промовирани новите материјали нa Armadillo, потоа The Black And Vice Social Club,  Autmind и Funk Shui.

Концертот е во соработка со организацијата Friends 2 Friends и Градот Скопје, а од МКЦ велат дека ќе бидат уплатени средствата за хонорарите за настапот на групите, средства со кои ќе помогнат при обновувањето и купување нови инструменти и опрема.

Воедно, на настанот ќе се промоцира и новиот албум на „Armadillo“.

Почетокот на коцертот е во 20:30 часот, вратите се отвораат во 20 часот. Влезот е слободен.