Во Лондон се отвора првата постојана изложба на дела од уличниот уметник Бенкси

Мистериозниот графити уметник Бенкси ја отвора својата прва постојана изложба во лондонската галерија, а ќе биде наречена „Бенкси бункер“.

Изложбата ќе биде отворена шест дена во неделата, во галеријата Hang-Up во Далстон, а ќе се состои од екран на кој без престан ќе се прикажуваат неговите дела, вклучително принтови и скулптури. Се од она што ќе се прикажува на екранот ќе биде достапно за купување.

„Никаде во Лондон не можете да видете постојана колекција од работата на Бенкси, па затоа одлучивме да го смениме тоа. Тоа е интимен простор во кој може да се види пресек на неговата работа од почеток до денес – затоа не е важно дали сте обожавател на Бенкси или не, секако е вредно да се погледне“, вели Бен Котон, директор на галеријата.

Вестите за изложбата пристигнуваат во период кога во неколку наврати се зборуваше за неговиот идентитет. Минатата година, ова време, тој го отвори тематскиот парк Дизмаленд, исто така, по гласините за неговиот идентитет.

Изложбата ќе биде отворена од вторник до недела.