Во Германија ќе се отвори првиот европски техно музеј

Во Германија, како пионер во техно музиката, ќе биде отворен првиот европски музеј посветен на техното. Музејот на модерна електронска музика, според најавите, ќе биде многу повеќе од само обична галерија во Франкфурт.

Идејата за ваков музеј е на DJ Andreas Tomalla (aka TALLA 2XLC), кој ветува дека ова ќе биде место за сите љубители на електронската музика и искуство за „електронските аспекти“ на животот.

Како што јавува Дојче веле, освен изложбите како Графички дизајн, Историја и влијанија, Глобалното движење и облеката, посебен дел од музејот ќе им биде оставен на диџеите за одржување настани и работилници.

Освен што го измисли зборот „техно“, во 1984 DJ Tomalia го отвори и „Technoclub“, првиот ноќен клуб во Франкфурт фокусиран исклучиво на електронската музика.