Во Дубаи ќе се гради првиот ротирачки облакодер

Дубаи ќе започне со градба на облакодер, кој ќе ротира во 360 степени. Зградата треба да биде готова до 2020 година, а ќе овозможува поглед во сите насоки од апартманите.

„Dynamic Tower“, како што е наречена, била дизајнирана во 2008 година од израелско-италијанскиот архитект Дејвид Фишер. Во неа ќе има 80 ротирачки спратови кои ќе прават да изгледа дека зградата е во константно движење.

Секој спрат од футуристичката зграда ќе ротира во полн круг и ќе се движи независно од другите, така што жителите ќе можат да ја контролираат брзината на движење или да го запрат движењето сосема, со едноставни гласовни команди.

Еден стан во оваа иновативна зграда чини 30 милиони долари.

Дополнителна позитивна страна е што меѓу спратовите има ветерни турбини, за да ја снабдат структурата со електрична енергија добиена од обновливи ресурси.