Во Битола и Тетово критична загаденост на воздухот

Жителите на Битола синоќа дишеле воздух загаден со ПМ10 честички дури 11 пати повеќе од максимално дозволените количества (563,189 милиграми на еден кубен метар). Речиси иста концентрација на овие честички (529,909 мг/м2) во воздухот вчера околу пладне e измерена и во Тетово.

Во Битола и Тетово критична загаденост на воздухот

И натаму, најзагаден е воздухот во Битола, Тетово, Кичево и во Скопје.

Утрово во Скопје најзагаден беше воздухот на мерните места Гази Баба, Ректорат и Карпош. Бројките не се така алармантни како во Битола и Тетово, ама сепак зборуваме за најмалку двојно поголема загаденост на воздухот од максимално дозволените концентрации (50 милиграми на кубен метар).

Еве ги табелите за загаденоста на воздухот во последните 24 часа:

Во Битола и Тетово критична загаденост на воздухот

Во Битола и Тетово критична загаденост на воздухот

Извор: Mkd.mk