Во Анкара забранети сите ЛГБТ настани на „неопределено време“

Турските власти ги забранија сите настани што ги организира ЛГБТ заедницата во Анкара.

Забраната, како што тврдат тие, е поради „безбедносни причини“.

Таа стапи на сила во саботата и ќе трае на „неопределен“ период, а ќе се однесува на филмски проекции, театарски претстави, панел дискусии и изложби.

Од канцеларијата на градоначалникот велат дека ваквите настани може да предизвикаат непријатност кај различни групи и да го загрози „здравјето и моралот“, како и правата и слободите на другите.

Тие предупредија дека некои групи може да бидат испровоцирани од ЛГБТ настаните и дека преземаат акција против учесниците поради „одредени социјални чувствителности“

Хомосексуалноста не е криминал во Турција и бројните ЛГБТ асоцијации се легално регистрирани во државата. Но, како што велат ЛГБТ активистите, голем дел од нив се соочуваат со постојана дискриминација и стигма.

Властите во Анкара веќе забранија да се одржи германски геј филм во средата, денот пред да започне да важи забраната, укажувајќи на јавна безбедност и ризик од тероризам.

Геј парадите во Истанбул, пак, се забранети во последните две години.

Во јуни, 25 ЛГБТ активисти беа уапсени откако присуствувале на забранета парада. Тие подоцна беа осудени на „учество на неовластени демонстрации“.