Владата на Турција предложи продолжување на вонредната состојба

Турската Влада до Парламентот во Анкара достави барање за продолжување на вонредната состојба во Турција за уште три месеци. Новото продолжување би требало да стапи во сила од среда, 19 јули.

Вонредната состојба во Турција беше воведена по неуспешниот пуч на 15 јули минатата година и оттогаш постојано се продолжува на период од три месеци.

Додека трае ваквата состојба во Турција се уапсени над 2.700 судии, суспендирани 15.000 образовни работници, на 21.000 учители од приватни институции им беа одземени лиценци, а затворени се и повеќе од 150 медиумски куќи. Повеќе од 100.000 луѓе беа уапсени или избркани од работа под обвинение дека се „ѓуленисти“.