Википедија им забрани на корисниците да го цитираат Дејли Мејл како извор

Дејли Мејл, кој е еден од најпопуларните весници во Велика Британија, е и најчитаната веб страница за вести на англиски јазик на светот. Но, истовремено е и една од „пожолтите“.

Новинарските текстови во Дејли Мејл, пишува The Next Web, се „мешавина од алудирања, ксенофобичност, претерување и измислици“. Поради тоа, уредниците на Википедија одлучиле да им забранат на своите писатели кои придонесуваат за содржината, да се повикуваат на весникот.

Уредниците ја оправдуваат одлуката со „репутацијата на Дејли Мејл за лоша проверка на факти, сензационализам и фабрикување на вести“.

Додаваат дека отсега па натаму, Дејли Мејл не смее да се користи за определување на точност, ниту пак како извор во текстовите. Постоечките линкови до Дејли Мејл ќе бидат отстранети, а каде што е возможно ќе бидат заменети со линкови до „извори со подобра репутација“.

Оригиналниот предлог за Дејли Мејл да се класифицира како неверодостоен извор беше направен од уредникот со прекар Hillbillyholiday. Потоа следуваше опширна дебата за тоа дали забраната е мотивирана од легитимни причини, или само затоа што предлагачот не го сака медиумот. На крајот, заклучиле дека Дејли Мејл не ги почитува новинарските стандарди, етика и практики.