[Видео+Галерија] Илјадници средношколци и студенти маршираа во Скопје

Со свирежи и извикувајќи „Доста беше молк“, „Не сте свесни колку сме бесни“, „Сега ќе не слушнете“, средношколците во голем број по третпат маршираа низ Скопје со барање да запрат лошите образовни реформи.

Средношколци и студенти: Образованието ни се распаѓа

На овој марш тие добија силна поддршка студентите, кои се собраа пред платото на УКИМ, за потоа да се сретнат со средношколците пред Влада. Оттаму, сите заедно, со паролата „Стоп за лошите реформи во образованието“ пред нив, се упатија кон Министерството за образование и наука.

Причината поради која излегоа на трет марш е игнорантскиот однос на Министерството за образование и наука кон нивните барања за враќање на стариот концепт на државна матура и укинување на екстерното тестирање.

Погледнете ги видеата и фотографиите (во галеријата погоре) од третиот марш во Скопје: