[Видео] Зелена алтернатива: Упатство за подготвување супозитозии од масло од канабис

Здружението „Зелена алтернатива“ објави видео со упатство за подготвување на супозитории од масло од канабис. Ова е само еден од повеќето начини за третирање на болести со екстракти од канабис.

За чепчињата, меѓу најважните работи, е тоа што може да се внесуваат поголеми дози, бидејќи на овој начин се избегнува чувството на „хај“ кое за некој претставува непријатност. Понатаму, овој начин на внесување има подобра апсорпција на активности компоненти, односно не се губат во стомакот како што е случај при орална употреба. Исто така, активистите веќе напоменаа дека за одредени видови на рак е подобро да се користат чепчиња отколку орално.