[Видео] Започна Женскиот марш во Вашингтон, се протестира и низ светот

Огромен број на луѓе се очекува да излезат на улиците на Вашингтон по вчерашната инаугурација на Доналд Трамп.

Една од организаторките на Женскиот марш, Минди Фрејбанд, изјави дека не се протестира лично против Трамп, туку против говорот на омраза, ксенофобијата, а маршот се организира со цел да се претстави заедничкиот став на сите жени ширум светот.

Во текот на денешниот ден се планирани околу 673 маршеви во светот, како и главниот протест во Вашингтон, каде се очекуваат повеќе од два милиона луѓе.

Маршот може да се следи во живо на линкот подолу: