[Видео] Во живо од блокадата пред Ректорат: студенти бојкотираат, ректорот вели дека нема надлежност

Седницата на Сенатот на која ќе се гласа кој ќе биде новиот ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” мора да се одржи, смета актуелниот ректор Велимир Стојковски.

Тој вели дека ректорската управа нема надлежност да се меша во изборот на студентски претставници, со објаснување дека така би се навлегло во нивната автономија. Последиците, пак, од неодржување на седницата, ќе ги сносат студентите кои бојотираат, подвлече тој.

Во меѓувреме,блокадата пред Ректоратот продолжува. Студентите не дозволуваат влез во знак на револт против престојните избори за ректор, кои се закажани за денеска во 10 часот. Поддршка за блокадата добија и од неколку професори од Професорскиот пленум.

Студентите се одлучни дека нема да се повлечат, иако во еден момент обезбедувањето се обиде да ги легитимира.

Најинтересните настани од блокадата, може да ги проследете преку видео стримот на Фејсбук страницата на Радио МОФ.