[Видео] Во Мексико откриена подводна пештера долга 350 километри

Тим стручњаци од Мексико тврдат дека ја откриле најголемата подводна пештера, во должина од 350 километри, а на некои места во длабочина 100 метри. Тим археолози и нуркачи во неа најдоа човечки коски и остатоци од керамика, стари повеќе од илјада години. Научниците се надеваат дека ова сознание ќе ги доведе до нови откритија за древната цивилизација на Маите.