[Видео] Ветер во Холандија буквално ги одвејува пешаците

Екстремно силниот ветар низ Холандија ги турка и ги влече луѓето. Смртоносната бура го сопре транспортот и вивна покриви во воздух низ северна Европа.

На снимките од јужниот град Ден Бош, се гледа како луѓето летаат на земја, а Кралскиот холандски метеоролошки институт за поголемиот дел од земјата издаде предупредување – Црвена тревога поради временските услови со ветрови што на некои места достигнуваат брзина до 140 км/ч.

Складиште на контејнери за испорака во пристанишниот град Ротердам се снимени како се рушат, додека силните налети ги носат покривите од куќите.

Од снимките споделени на социјалните медиуми може да се види како „полскиот“ тоалет со помош на ветрот „лета“ по тротоари, а потоа им се придружува на возилата во сообраќајот.

Превозот со сите возови, трамваи и автобуси е стопиран низ целата земја, додека сите летови на аеродромот Шипхол во Амстердам се откажани. „Поради екстремно лошите временски услови: целиот воздушен сообраќај е суспендиран до понатамошно известување“, објавија од аеродромот.

Најмалку три лица загинаа во Холандија, откако беа погодени од паднати дрвја или залетани објекти, и во Германија се пријавени уште три жртви на невремето.