[Видео] Велосипедско возење во панорама од 360 степени

Германскиот фотограф Jonas Ginter со многу напор го направил ова извонредно видео, кое всушност е комплетна, 360-степенска панорама снимена со шест камери GoPro. Едноставната велосипедска патека е претворена во панорамски, сферичен свет во кој изгледа дека авторот лебди на врвот на една мала планета.

velo-2

На Ginter му биле потребни цели две години да го постигне посакуваниот ефект. Пробувал разни варијанти, додека не му станало јасно дека за ваков вид панорамско видео ќе му бидат потребни многу камери. На крајот, тој со помош на 3Д-принтер изработил специјален држач за шесте камери.