[Видео] Успешно лансирана најсилната ракета во светот „Фалкон хеви“

Компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск, основач на производителот на електрични автомобили „Тесла“ вчера ја лансира супер тешката ракета „Фалкон хеви“ од вселенскиот центар Кенеди.

Ракетата беше составена од четири дела. Главниот мотор, два додатни „бустери“ и еден дел што го носеше автомобилот на „Тесла“.

По лансирањето, додатните мотори се откачија од ракетата и се вратија на местото од каде што ракетата беше лансирана и безбедно слетаа.

Главната ракета слета безбедно во Атланскиот океан, додека делот што го носи автомобилот тргна на пат околу сонцето.

Автомобилот ќе биде поставен на орбита која во елписа се протега од сонцето до Марс. Музичкиот систем на автомобилот постојано ќе го репродуцира хитот на Дејвид Боуви „Спејс одити“.

Автомобилот ќе се оддалечи од Земјата на околу 400 милиони километри и ќе лета со брзина од 11 километри во секунда.

Маск информира дека ако се случат непредвидени работи, ракетата би требало да одлета од стартната платформа, а не да експлодира на место.

„Тука имаме експлозиван материјал кој е еквивелантен на помалку од два милиони килограми ТНТ. Ако тоа чудо експлодира, тука нема ништо да остане“, рече тој.

Целосното видео од акцијата може да го погледнете во продолжение.