[Видео] Уличните музичари – духот на ГТЦ и центарот на Скопје

Уличните музичари се бојата на ГТЦ и духот на центарот на Скопје. Она што за светот е пракса, кај нас се уште е во фаза на развој, иако веќе десетина години Град Скопје распишува конкурси со цел да се мотивираат музичарите од најразновиден жанр. Нивна „задача“ е да го заживуваат градот преку урбаната култура, генерирање на нова и стара публика со квалитетен, инспиративен, свеж и културно-уметнички пристап. Но, дали самите граѓани ја ценат нивната уметност?