[Видео] Турци и Македонци за дуелот на Латас со Заев

Пред Владата денеска повеќе граѓани преку протест го изразија својот револт од навредите и говорот на омраза изречени во вчерашниот дуел на Драган Павловиќ Латас со лидерот на опозицијата, Зоран Заев на Сител телевизија.

Латас освен навредите упатени кон Заев како „ти си изрод“, соросоиди, криминалец, во интервјуто му се обрати на Заев со зборовите „Лажеш како Турчин“, што предизвика реакции на турската заедница и турската амбасада во Македонија, но и на други граѓани згрозени од настапот на провладиниот водител и уредник на телевизија Сител. Во продолжение реакциите на граѓаните во видеото на Нова ТВ.