[Видео] Трета епизода на Engage Kicks & Gigs со Ана Ќурчин

Во третата епизода на Engage Kicks and Gigs, ја претставуваме Ана Ќурчин, пејачка и композиторка од Белград. Ана е и прва гостинка на музичкиот веб серијал на Радио МОФ, надвор од Македонија.

Ќурчин е пејачка и композиторка родена во Багдад, пораснала во Москва, а моментално живее во Белград. Нејзината музика е комбинација од фолк, американа и дрим поп, вмешани во нејзина сопствена музичка атмосфера. Настапува како соло артист и со својот бенд.

Двата синглови “Cut Loose” и “I Can’t”, како и длабоките и емотивни настапи во живо, ја направија една од најветувачките имиња на источно-европската музичка сцена.

Концертите на Ана се одржувале на многу значајни места низ Европа, а настапувала и на Егзит Фестивал. Нејзиниот албум “Sketches of Belonging”, е објавен во јануари 2016.

Ана неодамна настапи и на промо концертот на June вo Скопје, за нивниот најнов албум, “Living for the Weekend”.

Веб серијалот Engage Kicks and Gigs, во кој гостуваат млади и алтернативни бендови од Македонија, ќе има за цел да ја поддржи и промовира локалната сцена, како и да ја запознае публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.

Во Engage Kicks and Gigs, два пати месечно ќе ја споиме публиката со нејзините омилени бендови, кои на сесиите снимени во нашето студио ќе ги изведуваат своите најголеми хитови или најнов материјал акустично, во поинтимна и потопла атмосфера.

Аудио техничар на видеото е mixedsoundZ (Зоран Поповски).