[Видео] Торнадо ја погоди Италија, има двајца загинати

По серијата земјотреси, Торнадо ја погоди Италија, во близина на Рим, при што загинаа двајца, пренесуваат локалните медиуми.

25-годишен маж загина во крајбрејжниот град Ладисполи, северно од главниот град, откако надстрешница паднала и го удрила по глава. Торнадото кое се појавило во 6 часот попладне (по локално време), го одзеде животот и на 74-годишен маж во Чезано, во близина на езерото Брачијано. Според италијанската новинаска агенција, човекот бил погоден од дрво.

Силното невреме зад себе остави расфрлани гранки на патиштата и поплави во некои области, а улица во Рим беше делумно затворена поради огромните гранки кои ја блокирале.

Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии и видеа од невремето.