[Видео] „Светови во нашите светови“ – макро фотографии од секојдневни предмети

Полскиот фотограф Pyanek ја користи техниката на макро фотографија за да направи извонредни видеа составени од слики фотографирани од голема близина.

Во неговиот последен проект, „Светови во нашите светови“, тој ги фотографира секојдневните предмети, кои се осветлени и приближени до непрепознатливост.Pyanek исто така се потпишува и на музиката за овој проект.