[Видео] Студентскиот живот во Словачка низ призмата на штипјанката Екатерина Панева

Видеото на младата студентка од Македонија Екатерина Панева го прикажува искуството со кое се стекнала за време на својот досегашен престој во Словачка, каде била принудена да учи се одново, вклучително јазик кој дотогаш не го зборувала.

Целта на петминутното видео е да ги мотивира останатите да ги надминат своите стравови и да ги следат своите соништа, без разлика на потешкотиите кои би можеле да се појават. Исто така, видеото има за цел да ги мотивира луѓето никогаш да не престанат да бараат можности и да не се откажуваат.

Видеото е дел од Интернационалниот натпревар за студентско патувачко видео 2015 година.