[Видео] „Студенцки манифест“

„Браќа земјаци и мили колеги, ние вашите колеги, пријатели и вечни браќа од убавата Македонија и нејзините китни универзитети, без разлика на вера, националност, пол и обежденија, не можејќи веќе да ја трпиме тиранијата на жедните за пари и гладните за човечки страдања-муртатии, што гледаат и вас и нас да не дотераат до нож, и нас и вас да не дотераат до питачки стап, и нашата мила и богата со знаење заедница да заприлега на пуста пустиња, денеска дигнавне глава и решивме со индекс да се браниме од тие ваши и наши душмани и да добиеме слобода“.

Со оваа реченица во видеото објавено вечерва и насловено  „Студенцки манифест“, Студентскиот пленум најави дека продолжува битката за нивните права и повика на солидарност и обединување. Видеото беше објавено само неколку часа откако на денешната отворена седница, и покрај силните реакции на студентите и два големи протести, Владата едногласно ги усвои предложените реформите на Законот за високо образование, меѓу кои и таа за воведување државен испит за студентите.

По владината седница според редовната процедура, предлог -законот ќе биде испратен на гласање во Собранието. Владата пред една недела го усвои предлог-законот за државен испит, во пакет со уште четири други развојни решенија, односно нови закони или измена на постојните.