[Видео] Средношколско будење – Министре, до кога вака?

Со наслов „Средношколско будење“ , Средношколски пленум објави ново информативно видео за Пленумот, бојкотот и средношколските барања. И по два марша во Скопје, бројни протести низ десетина градови, како и повеќедневен бојкот во повеќе училишта низ земјава, средношколците се уште се игнорирани од ресорното министерство. Бојкотот на наставата продолжува, велат од Пленумот, се додека не бидат примени во МОН каде ќе биде побарано враќање на стариот концепт на полагање на државната матура како и ставање на законот за екстерно тестирање во мирување.

#Средношколски Пленум